А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата издвои нови осум милиони евра, кризна помош ќе добијат над 700 естрадни уметници и 24 ноќни клубови

by А1он11/12/2020 - 17:5511/12/2020 - 23:44693
Share0

Го дополнивме Пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата. На денешната редовна 28 седница на Владата донесовме одлука дополнителниот сет мерки да изнесува 488.803.928 денари, односно околу осум милиони евра, соопшти попладнево на својот фејсбук-продил премиерот Зоран Заев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со овој најнов КОВИД пакет, како што информира тој, се опфатени естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на две бруто минимални плати (21.776 денари); 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по две илјади евра за секое здружение; приватните установи за деца – детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од шест месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата; финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеа за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90 илјади денари.

Опфатени се и грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари); грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари; финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари; субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за два месеца и за хонорарно ангажираните лица во овие организации.

Премиерот додава дека е опфатена и финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110 милиони денари и за ЈП Државни патишта во висина од 180 милиони денари; финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии; финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона-кризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари; финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на две плати на 598 вработени во АД Водостопанство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во овој пакет мерки предвидена е скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници стручни соработници, од 14.500, 18 илјади или 21.500 денари во зависност од примањата за период од три месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура; финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 денари; како и финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 денари.

vladavladini merki

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео