Во Уметничката Галерија отворена етнолошката изложба „Декоративна народна уметност“

Од:

Во Уметничката галерија Куманово, денеска беше отворена етнолошката изложба „Декоративна народна уметност“ од Милица Пешевска Николовска, советник-кустос. Изложбата прикажа текстилно творештво, народна носија од Кумановско, народното творештво и покуќнина дрво, метал и грнчарија, сакрални споменици.

-Денеска ја отворивме изложбата „Декоративна народна уметност“. Поради пандемијата изложбата е со мал број посетители и само во две простории затоа што не дозволува самата ситуација да вадиме од депоа и тоа да го прикажуваме за седум дена. Инаку, имаме многу богат декоративен материјал. Ги покануваме граѓаните да проследат, почитувајќи ги здравствените протоколи, повика авторката.

Предметите што се достапни потекнуваат од кумановскиот регион, козјачијата, которскиот крај, сите се сопственост на Националниот музеј, на етнолошкото одделение.

Директорот на НУ Музеј, Богдан Таневски, истакна дека и во вакви услови мора да се спроведуваат изложбите и годишната програма на установата.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска