Фон дер Лајен: ЕУ и Велика Британија се поблиску до непостигнување договор, отколку до договор

Од:

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ утринава соопштија дека можноста за непостигнување договор со Велика Британија за идните односи во моментов е поголема од можноста за постигнување договор.

Рано утринава претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги информираше лидерите на 27-те земји членки за состојбата во преговорите со Лондон, потврдувајќи дека ситуацијата е „се уште тешка“ и дека „основните пречки не се надминати“.

Дипломатски извори од самитот на ЕУ, што почнаа вчера во 13 часот и се уште трае во Брисел, велат дека разговорите Лондон продолжуваат и денеска, а дека недела, 13 декември, е утврден како „краен рок“ за постигнување на евентуален договор.

Се додава дека лидерите на ЕУ го поздравија напредокот во однос на принципиелната потврда на Договорот за раздружување со Велика Британија, како и на мерките презентирани од Европската комисија во случај до договор да не дојде до крајниот рок, 31 декември 2020 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска