Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во 2020 година во рамки на програмата „Други простори“ поддржа развој на три современи уметнички дела на домашните уметници Зорица Зафировска, Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски.
Како што соопшти Локомотива, користејќи различни медиуми, уметниците преку своите дела се занимаваат со исклучително важни теми поврзани со екологијата.
– Делата истражуваат и се бават со јавниот простор, животната средина, урбаното планирање на градот и правото на одлучување на уредување и развивање на средината во која живееме. Делата опфаќаат истражување, документација и уметничка презентација на зелените површини, од планирање на градското зеленило и пошумување како дел од урбаните политики и просторното планирање до граѓански грасрут инцијативи за развој на урбани градини во одредени градски маала и четврти, стои во соопштението од Локомотива.
Зорица Зафировска создава видео запис насловен „Порасни ме, навади ме, погали ме“ како дел од истоимениот тековен проект кој се обидува да ја забележи брзата урбанизација на градот и зголемената потребата за враќање на грижата за јавните зелени површини. Концептот и видео реализацијата е на Зорица Зафировска, транскрипт на Марија Ковачева, а монтажа и визуелна поддршка на Ангела Маневска. Видеото премиерно ќе биде прикажано денеска на Јутуб каналот на Зорица Зафировска, по што ќе биде достапен за јавен преглед за секој заинтересиран граѓанин. Линкот од видеото биде објавен и на веб-страницата на Локомотива Скопје.
– Видеото се обидува да ги документира „урбаните, домашните и напуштените градини“, во скриените деловите од градот, а водено и да забележи и мапира видливи и невидливи активности поврзани соважноста на растенијата, природата и чистиот воздух во градот Скопје. Потребата да се забележат градините и парковите, нивното градење и оддржување потекнува од потребата за партиципативност во истите. Директно и активно да се учи и учевствува во нивното градење и одржување, кое ја отвори можноста да бидат документирани и раскажани процесите, состојбите и потребите за градење директно од инволвираните учесници. Истотака је отвори можноста се биде дел од реална промена и да се партиципира во градењето на заедничкото добро, се вели во соопштението од Локомотива.
Видеото претставува документиран запис во времетраење од 30 минути на кое се прикажани „градини од љубов и невнимание“, снимени на повеќе локации низ градот: Ново Лисиче, урбана градина „Бостание“, населба Шуто Оризари, Основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид“, дел од околината на касарната „Ѓорче Петров“ во населбата Даме Груев, паркот од левата страна на Собранието, населба Буњаковец и близината на Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар. Вво видео записот се вклучени и неколку интервјуа со Тања Истински, Љубе Серафимовски, Димитар Самарџиев и Александар Митревски, кои ги споделуваат своите искуства и мислења за урбаните градини, можностите за нивен развој и опстанок во градот, интеграцијата и учеството на граѓаните и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во нивното одржување.
Видеото ги вклучува и Ирена Јовческа, Александар Сандревски, Кирил Шентевски, и Александар Николовски сите други учесници во изградбата на општествената градина „Бостание“ кои ја подржаа реализацијата на видео записот.
Уметничките продукции се развиваат како дел од проектот „Програма на Локомотива во Кино Култура-проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура“ финансиран од Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.