Поради полицискиот час папата Франциск ќе ја одржи традиционалната полноќна миса на Божиќ во 19,30 часот, додека службата за Божиќ ќе се одржи во затворен простор, со цел да се спречат турканици на плоштадот Свети Петар.
Полноќната миса, која се одржува секоја година на 24 декември во 21:30 часот, годинава ќе биде преместена во 19:30 часот заради полицискиот час што е воведен во Италија поради пандемијата.
Американските медиуми пренесуваат дека новогодишната молитва и миса ќе се одржат во базиликата Свети Петар и нема да бидат отворени за јавноста.
Поради зголемувањето на бројот на новозаразени, властите во Италија воведоа полициски час што важи од 22 часот.