Отворање на изложбата „Мешање звуци“ од Стефан Шашков

Од:

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде отворена изложбата „Мешање звуци“ од Стефан Шашков од Центарот за креативни индустрии – Небо.

Изложбата претставува игра на синестезија, односно кореспонденција меѓу бои, форми и музика, а воедно е визуелно-естетски омаж на музичарите Харолд Бад и браќата Брајан и Роџер Ино.

– Шашков низ своите фотографии, врз кои се извршени компјутерски доработки, а именувани според музичките композиции на браќата Ино и Харолд Бад, успева повторно во нас да ја иницира оваа сензација на обоена музика и за миг да не понесе на неговото уметнички вдахновено патување, каде, секој еден звук на музиката на Роџер Ино, вибрира со колоритни тоналитети, а водно не само што ни овозможува да ја гледаме музиката низ ликовен облик, туку не воведува во нашиот имагинарен свет, исполнет со непознати пејзажи, во кои лебдат бестежински сите чувства и фигуративни објекти, велат од Центарот за креативни индустрии.

Изложбата е во чест на Харолд Бад, кој пред три дена го напушти земниот свет. Публиката ќе може да ја проследи до 18 декември.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска