Сузан Рајс ќе биде советник за внатрешна политика во Белата куќа, одлучи новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден.
Афроамериканката Сузан Рајс (56), поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, е една од најискусните државни службеници во САД и има вештини да биде во федералната влада, соопштија од тимот на Бајден.
Рајс, која беше и американски амбасадор во ОН, беше меѓу фаворитите за државен секретар, функцијата која на крајот му беше доделена на Ентони Блинкен.
Бајден го назначи и Том Вилсак за министер за земјоделство, позиција што Вилсак ја извршуваше и за време на претседателството на Барак Обама, од 2008 до 2016 година.
Во образложението за назначувањето, новоизбраниот претседател изјави дека овие луѓе „ќе донесат највисоко ниво на искуство и интегритет“ за решавање на проблемите со кои се соочуваат Американците.