Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани нови 417 лица заразени со коронавирусот, а во истиот период починале петмина жители на главниот град, соопштија здравствените власти.
Најмладата жртва на опасниот вирус е 22-годишна бремена скопјанка. Најстариот пациент меѓу починатите има 78 години, информираат од Министерството за здравство.
Бројот на оздравени лица во изминатото деноноќие изнесува 255, а во Скопје во моментов за првпат има повеќе од 11.000 активни случаи на заразени лица (11.042).
Во деветте месеци во кои трае епидемијата, во главниот град се регистрирани вкупно 30.689 заразени лица.