Првпат од почетокот на пандемијата, капацитетите на одделите за интензивна нега во болниците во Стокхолм се исполнети 99 проценти, пренесува Би Би Си.
Од 160 кревети за интензивна нега во главниот град на Шведска, пет до седум кревети беа слободни во средата, пренесува локалниот весник „Афтонбладет“.
– Ни треба помош, рече Бјорн Ериксон, директор на здравствени установи во Стокхолм.
Тој рече дека 814 пациенти во моментов се лекуваат од коронавирус во болниците.
Во Шведска, повеќе од 7.200 лица починаа од вирусот од почетокот на пандемијата, а земјата не воведе национален т.н карантин или рестриктивни мерки.