Заев-Јанакакис: Поддршка за пристапниот процес во ЕУ, политичката волја за решенија е европски начин на однесување

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со Димитрис Јанакакис, амбасадор на Република Грција, кој го завршува својот мандат во нашата држава, на која му се заблагодари за неговиот конструктивен придонес во Договорот од Преспа, како и за искрените заложби за унапредување на односите помеѓу двете држави и народи.

Како што информира владината прес-служба, заеднички е констатирано дека политичката волја за изнаоѓање решенија е европски начин на однесување и придобивките се заемни: бенефити во квалитетот на живот на граѓаните на двете држави, како и стабилност и просперитет.

На состанокот е изразена поддршка за пристапниот процес на Република Северна Македонија кон Европската Унија.

– Активно продолжуваме со реформските процеси дома и со политиките на дијалог, пријателство и добри односи со соседите, бидејќи нашата иднина е европска. Благодариме за поддршката од Република Грција и во реализацијата на оваа стратешка цел за нашата држава, рече премиерот Заев.

Во соопштението прес-службата на Владата наведува дека на средбата е разговарано за унапредувањето на економската соработка, преку поголема соработка на стопанските комори, во делот на инфраструктурата, за меѓуграничните олеснувања на движењето на граѓаните.

Констатирано е дека продолжува соработката на двете држави и во време на пандемијата и се гледаат големи можности за нејзино интензивирање во сите области.

Би можело да ве интересира

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри