Судење за „Меѓународен сојуз”: Се анализара телефонска комуникација на Бојан Јовановски

Од:

Со изведување на материјални докази – анализа на телефонска комуникација денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Обвинителството, на почетокот изведе превод од српски на комуникација на првообвинетиот Јовановски и друго лице, од кој можеше да се види како тој нарачува и купува алишта и накит од Милано, како и договара барања за поврат на ДДВ за купената стока.

Бранителот на Јовановски, адвокатот Сашко Дуковаки реагираше дека преводот на предложениот доказ требало да биде доставен заедно со доказот пред почетокот на рочиштето, а не потоа дополнително да биде прифатен од Судот.

– Овој превод е неблаговремен и незаконски, изјави Дуковски.

Првообвинетиот Јовановски, повторно реагираше на овие докази и дека затоа требало да биде извршено вештачење на неговиот мобилен телефон.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е обвинителката Милица Гаврилова.

Одбраната на Фросина Ременски, побара од судот да дозволи сослушување на вештаците, кои ги изработиле вештачењата, кои треба да бидат изведени како докази.

– Сметам дека не треба денеска да се изведат доказите и судот да дозволи сослушување на вештите лица, изјави адвокатот.

Судот, на тоа укажа дека доказите до судот се доставени со поднесок од 02.09.2020 година, а одбраната за првпат бара сослушување на вештаците на денешното рочиште и потоа дозволи да биде изведено вештачењето на телефонот и компјутерската опрема на обвинтетата Јасна Ерцеговиќ, а по ова барање судот потоа ќе се произнесе.

Обвинителството потоа започна со изведување на комуникација од вештачењето на мобилниот и компјутерската опрема на обвинетата Јасна Ерцеговиќ.

Ерцеговиќ реагираше на терминологијата што ја користи обвинителството, бидејќи опремата не е одземена и таа не била приведена, туку дека таа самата се пријавила и дека сите компјутери дозволила да бидат земени и на ниту еден немала лозинка, односно биле целосно отворено.

Дополнително, таа реагираше дека за изведната комуникација обвинителството не укажало дека не е лично нејзина, туку само препратена комуникација од други лица.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Кристијан Ландов