-Република Северна Македонија е посветена на промоција, заштита и на унапредување на сите човекови права и слободи, меѓу кои и на медиумската слобода што претставува директен показател за цивилизацискиот напредок на општеството, рече министерот Бујар Османи на видео состанок на министерско ниво, за безбедност на новинарите и прашањето за неказнивост во рамки на Меѓународната конференција за слобода на медиуми на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Штеф Блок.
-Санкционирањето на секој напад или повреда на правата на новинарите е императив за нормално функционирање на секое демократско општество, потенцираше Османи.
Светската конференција за слобода на медиуми годинава е во знак на одбележување на Светскиот ден за ставање крај на неказнивоста за кривични дела против новинарите, а со цел реафиримирање на заложбите за почитување на слободата на изразување и заштитата на безбедноста на новинарите.