Американски конгресмен предлага државата да плаќа по 1.500 долари на секој што ќе прими вакцина против Ковид-19

Од:

Секоја вакцинирана личност во САД треба да добие по 1.500 долари на рака – ова го предложи конгресменот од Демократската партија, Џон Делејни, во интервју за Си Ен Би Си. Нашата идеја е на овој начин да поттикнеме повеќе граѓани да се вакцинираат, за да може брзо да се достигне критичниот удел на повеќе од 70 отсто од нив.

– Штом 75 отсто од жителите на земјата се вакцинираат, толку побрзо ќе го ставиме крај на Ковид-19 и се ќе се врати во нормала, рече тој.

Во исто време, демократот посочи дека на тој начин вакцинацијата ќе може да остане доброволна и нема да мора да се наложува. Ова е идејата на претседателот Трамп, кој ветува дека дозите ќе се добијат само со согласност на имунизираните.

– Ако сепак стравувате од вакцината и не сакате да ја примите, тоа е ваше право, рече тој.

– Тогаш нема да учествувате во програмата, потенцираше демократскиот пратеник.

Меѓутоа, таквата идеја е далеку од реализација, особено a има предвид дека двете партии во земјата не можат да се договорат за следниот пакет мерки.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина