Во сиромашните земји ќе се вакцинира секоја десетта личност

Од:

Богатите земји акумулираат вакцини против Ковид-19 и секоја десетта личност во сиромашните ќе биде вакцинирана следната година, објави Алијансата за народни вакцини.

Во најбогатите земји, обезбедени се дози доволно трипати да се имунизира нивното население, а во 67 посиромашни земји, само еден од десет лица може да се надева дека ќе биде вакциниран до крајот на следната година, според Амнести Интернешнл и Оксфам, јави Си-Ен-Ен.

– Никој не смее да биде спречен да добие вакцина за спасување живот поради земјата во која живее или поради сумата пари во џебовите, рече Ана Марот, одговорна за здравствената политика во „Оксфам“.

Тие предупредуваат дека земјите што претставуваат само 14 отсто од светската популација имаат повеќе од половина од најнадежните вакцини. Организациите исто така ги повикуваат фармацевтските компании да ја споделат својата технологија и интелектуална сопственост со Светската здравствена организација и да ги повикаат владите на богатите земји да се посветат на испраќање вакцини во земјите во развој.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид