Уште еден супермаркет, трет по ред за два дена, денеска е оштетен во експлозија во холандскиот град Бевервијк,во близина на Амстердам.
Во експлозијата никој не е повреден, а според холандските медиуми супермаркетот е во сопственост на лицето кое е сопственик на вчера опожарениот супермаркет во Алсмер. Сопственикот е од курдско потекло.
Два супермаркета во Холандија вчера се оштетни од експлозии, но во инцидентите никој не е повреден.
Се уште не е познат мотивот за нападите.