Здруженијата на дијабетичари бараат итно решавање на проблемот со недостиг на инсулин

Од:

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија апелира државата да обезбеди непречено и навремено снабдување со инсулин на сите пациенти на кои им е потребен. Велат дека во изминативе два три месеци се јавиле проблеми со достапноста на одредени инсулини и бараат надлежните институции да преземат мерки.

– Прогласувањето на пандемијата со КОВИД-19 во РС Македонија, сите заедно сме исправени пред многу предизвици. Ние како Сојуз кој обединува сите лица со дијабетес, се обидуваме во овие тешки услови да дадеме сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволиме да се развијат компликации или пак тие да се влошат. Лицата со дијабетес, кај децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени иснулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата, се вели во денешното соопштение од Сојузот.

Оттаму се надеваат дека недостигот на одредени видови инсулин ќе биде надминат во скоро време во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во интерес на јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина

А1он

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

А1он

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија

Катерина Ѓуровски

Студија: 21 отсто дијабетичари заразени со Ковид-19 умираат во рок од 28 дена