А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Софија: Бугарија е најсилниот и безусловен поддржувач на европската интеграција на С. Македонија

by А1он09/12/2020 - 13:3809/12/2020 - 13:47280
Share0

Време е Владата на Република Северна Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на Република Северна Македонија или правото да го нарекуваат сопствениот јазик како што сакаат, се наведува во денешното соопштение на бугарското Министерството за надворешни работи, кое претставува реакција на вечарашната изјава на македонската Влада.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Република Бугарија е најсилниот и безусловен поддржувач на европската интеграција на Западниот Балкан и во таа смисла и на Република Северна Македонија. Со позицијата изразена во вторниот во рамки на состанокот на Советот за општи работи, Република Бугарија уште еднаш посочи зошто во ова фаза не може да даде согласност за одобрување на Преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ и за одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на 2020 година, се наведува во соопштението.

Бугарското Министертсво наведува дека позиција на Софија целсоно произлегува од рамковната позиција усвоена на 9 октомври 2019 година, поддржана од бугарското Народно собрание, каде се содржани барањата од кои ќе зависи натамошната поддршка на Бугарија за интеграцијата на земјава во ЕУ.

– Предлозите на Бугарија за вклучување на Преговарачката рамка на Република Северна Македонија се засновани на јасни принципи, но за жал не беа ставени на разглдување од актуелното претседателство. Тие се во согласност и со заклучоците на Советот на ЕУ од 25 март 2020 година, во кои се истакнува важното значење на постигнување опипливи резултати и доселедно спроведување на договорите на Република Северна Македонија со Бугарија и со Грција, како дел од процесот на проширување, се истакнува во реакцијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според бугарското Министерство, во оваа фаза Предлог-преговарачката рамка не содржи гаранции, кои ги бара Бугарија за да даде поддршка за нејзино одобрување.

– Бугарија ќе продолжи со конструктивните напори за време на следното претседателство со Советот на ЕУ, се потенцира во соопштението.

Бугарското Министерство во реакцијата изразува жалење, поради како што вели „дипломатска и медиумска кампања“, што наводно ја спроведува земјава, за „дискредитација на позициите на Република Бугарија, при што во јавноста постојано беа презентирани лажни информации во врска со бугарската позиција“.

– Со наследен тоталитарен историски наратив, тешко е да се најде поддршка од Бугарија. Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на Република Македонија, со што започна процесот на меѓународно признавање на тогашната млада држава и со текот на годините и даваше помош во најтешките моменти. Оваа помош продолжува и денес, се додава во реакцијата.

Сепак, според бугарското Министерство, Бугарија „не прифаќа афирмацијата на идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија да се изврши во конфронтација со соседните земји и на штета на нивните национални интереси“.

– Врз основа на нејзината одговорност да не носи отворени прашања во ЕУ и да ги штити нејзините интереси, вредности и авторитет, Република Бугарија ќе продолжи да бара трајни решенија што ќе овозможат понатамошен развој на билатералните односи и оптимален процес на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ, се истакнува во реакцијата на бугарското МНР.

bugarija dogovor

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рама: Македонија со право се сомнева дека ќе има ново вето и по внесувањето на Бугарите во Уставот, но мора да го исполни условот

Катерина Ѓуровски22/11/2026 - 12:45

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 14:16

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 13:2309/10/2026 - 14:27

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Катерина Ѓуровски06/10/2026 - 11:41

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 17:0405/10/2026 - 17:07

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 14:0702/10/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео