Сириските владини сили презедоа контрола врз воздухопловната база во селото Даба во близина на градот Квсеир, јавија државните медиуми во Сирија.
Силите на претседателот Башар ал Асад, поддржани од борците на либанската група Хезболах го опколуваат Квисеир од три страни.
Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус во Париз изјави дека од 3 000 до 4 000 борци на Хезболах се борат на страната на Асад. Тој наведе дека има и тврдења оти на фронтовите во Сирија има и повеќе од 10 000 борци на Хезболах.