Бајден: Во првите сто дена од мандатот ќе има 100 милиони вакцинирани

Од:

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го претстави тимот што ќе го води неговиот тим во борбата против пандемијата и кажа дека ќе биде потребна масовна дистрибуција на вакцини за да се постигне неговата цел – во првите сто дена од неговиот мандат да има сто милиони вакцинирани, пренесуваат британските медиуми.

На брифинг во Вилмингтон, Бајден кажа дека Конгресот му треба за да го овозможи целосното финансирање на дистрибуцијата на вакцините во сите делови на САД.

-Во првите сто дена од мандатот и враќањето на децата на училиште ќе биде национален приоритет, рече избраниот претседател.

„Во првите сто дена можеме да го смениме текот на пандемијата и животот во Америка на подобро“, рече Бајден.

Тој истакна дека е свесен дека пандемијата нема да заврши во овој период и дека тоа не може да се постигне за толку кратко време, но може да се направи значителен напредок што ќе го промени текот на пандемијата.

Неговиот тим, кој ќе биде одговорен за управување со пандемијата, ќе го вклучува Јавниот обвинител на Калифорнија, Ксавиер Бесер, кој долго време го поддржуваше Обамакер, и тој ќе го предводи Секретаријатот за здравје и благосостојба, додека Центрите за контрола и превенција на болести ќе ги предводи Росел Валенски, раководител на Одделот за инфективни болести во Општата болница во Масачусетс во Бостон.

Главен советник на Бајден за пандемијата ќе биде Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, додека Вивек Мурти, првиот јавен здравствен човек во администрацијата на Обама, ќе се врати на функцијата.

Поранешниот економски советник во Белата куќа и член на администрацијата на Обама, Џефри Цинк, ќе го надгледува одговорот на пандемијата, вклучително и дистрибуцијата на стотици милиони дози на вакцини во соработка со федералните агенции.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот