Лери Кинг станува водител на „Раша Тудеј“

Од:

Познатиот американски телевизиски водител Лери Конг наскоро ќе започне со реализација на сопствено шоу на руската телевизија на англиски јазик „Раша Тудеј“ (Russia Today), објави главниот уредник на медиумот Маргарита Симоњан на својот Твитер профил.

Во соопштението на Симоњан не се посочува кога Лари Кинг ќе премине во „Раша Тудеј“, но прес-службата на телевизијата информира дека првата емисија од шоуто „Лари Кинг Нау“ (Larry King Now) ќe се емитува на почетокот на јуни.

Шоуто ќе се емитува секојдневно од студијата на „Раша Тудеј“ во Вашингтон и на продуцентската компанија „Ора-Ти-Ви“ во Лос Анџелес.

Лери Кинг работи како новинар веќе 56 години. Во својата досегашна кариера тој има направено над 50.000 интервјуа со претседатели, премиери, актери, музичари и други јавни личности. Тој е добитник на повеќе награди меѓу кои и „Пибоди“ и „Еми“.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта