Експлозии во два супермаркета во Холандија, сомнеж за терористички напад

Од:

Два супермаркета во Холандија, кои се сопственост на полскиот синџир „Биедронка“, се тешко оштетени во експлозии кои утрово одекнаа во градовите Алсмер и Хесвијк Динтер.

Во инцидентите нема повредени лица, а станарите кои живееле во зградите над продавниците се евакуирани и времено засолнети.

Истрагата е во тек, а полицијата засега не соопштува дали експлозиите во двата супермаркета се поврзани.

Градоначалникот на Алсмер, Гидо Ауде Коте изрази сомнеж дека станува збор за „терористичко дело“.

– Ова не се случува кај нас. Чудо е како никој не е повреден, истакна Коте, додавајќи дека треба да се почекаат резултатите од истрагата, но и дека не би бил изненаден доколку двата случаја се поврзани.

Двата супермаркета, кои го носат името на полскиот синџир „Биедронка“, се во сопственост на лица со курдско потекло.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски