Крадец фатен на дело во маркет во Гостивар

Од:

Дваесет и петгодишен скопјанец е приведен откако бил фатен на дело додека ограбувал маркет во трговски центар во Гостивар.

Од МВР информираат дека М.А.(25) од с. Глумово, Скопско вчера околу 20:30 часот бил лишен од слобода, набрзо откако бил затекнат при извршување на извршување на кривично дело „кражба“ од продажен објект што се наоѓа на ул. „ЈНА“ во Гостивар.

По приведувањето во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведениот скопјанец и претходно бил забележан од безбедносните камери како врши кражби, а на полицијата од претходно и е познат како сторител на слични дела.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница