Италијанската полиција конфискува повеќе од 3,5 тони црногорски цигари, наменети за „црниот пазар“. Во акцијата уапсени се двајца Италијанци од Бриндизи.
Двајцата уапсени се обидувале со глисер да ги прошверцуваат цигарите во Италија. Глисерот бил пратен со хеликоптери и бродови на италијанската финансиска полиција.
Шверцот на цигари по морски пат од Црна Гора во Италија е во подем од 90-тите години од минатиот век. Во судот во италијанскиот град Бари се води судски процес против црногорски државјани под обвинение дека биле дел од меѓунарорната мрежа на шверц на цигари по Јадранско Море од тој период.