Бундеслигата сезонава со загуба од една милијарда евра

Од:

Бундеслигата, доколку на навивачите не им биде дозволено враќање на стадионите, оваа сезона ќе ја заврши со загуба од една милијарда евра, што е за 20 отсто помалку од заработката во сезоната 2018/19.

Минатата година Бундеслигата регистрираше пад од околу шест отсто, односно 250 милиони евра, откако на средина од сезоната во март, германското првенство беше прекинато поради пандемијата.

– Во оваа 2020/21 загубата ќе биде уште поголема. Нашите проценки се дека вкупната загуба ќе изнесува една милијарда евра, односно 20 отсто, изјави претседателот на Германската фудбалска лига (ДФЛ), Кристијан Шајферт.

Според него, вкупната загуба од март 2020 година до средината на 2022 година би можела да достигне две милијарди евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Јајца за лузерите – навивачите на Шалке ги „почестија“ играчите откако испаднаа од Бундеслигата по 30 години

Жарко Настоски

Ивица Олиќ е нов тренер на ЦСКА Москва

Жарко Настоски

Мајнц го доби четвртиот главен тренер сезонава

Жарко Настоски

ВИДЕО: Турам помладиот плукна противнички играч, ќе „одмори“ пет натпревари

Жарко Настоски

Баерн покажа кој е шампион, го „почести“ Шалке со осум голови на отворањето на сезоната

Жарко Настоски

Сезоната во Бундеслигата ќе започне на 18 септември со мечот Баерн-Шалке

Жарко Настоски