Градоначалникот Петре Шилегов вечерва ги прогласи новогодишните празнувања во Скопје симболично за започнати, со палење на светилките на елката на плоштадот „Македонија“.
Шилегов изјави дека Град Скопје се одлучи традиционално да ја осветли новогодишната елка, но годинава без посебен настан поради вонредните околности.
– Среќен сум што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија, изјави Шилегов, апелирајќи граѓаните присутни на плоштадот да уживаат во атмосферата со придржување кон протоколите и да мислат на своето и на здравјето на најблиските.