Џорџија денеска повторно ги потврди резултатите од претседателските избори на 3 ноември, потврдувајќи дека новоизбраниот демократски претседател Џо Бајден победи во таа американска држава, се наведува во соопштението на државниот секретар Бред Рафенспергер.
Повторното сертифицирање следеше по рачното пребројување на гласовите што го побара ревизијата и формално пребројување, што беше побарано од тимот на републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Во двата наврата победата на Бајден беше потврдена, се додава во соопштението.