Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат селекциите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и на Лихтенштајн, во група со шест селекции.
Првпат во историјата ќе имаме дуели со Германците, но затоа Ерменија и Лихтенштајн повторно ни се квалификациски „другари“.
Мечевите ќе се играат следната година, најдобрите селекции од групите ќе обезбедат пласман на мундијалот, а второпласираните ќе разигруваат за дополнителни три места на СП 2022.
Даниеле Де Роси, поранешниот италијански репрезентативец, и Рафаел ван дер Варт, екс холандскиот репрезентативец, асистираа при денешниот ждреб.