Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски.
-Би сакал во лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија на сите православни верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, граѓани на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело кој е еден од најзначајните за развојот на духовниот живот на Република Северна Македонија е запаметен и како покровител на образованието и јазикот. Со неговото празнување се оддава почит на пишаниот збор, културата и образованието кои се значајни за секој народ и треба да се негуваат и развиваат затоа што тоа е додадена вредност за самиот народ, меѓутоа и богатство за светот воопшто, пишува Џафери во честитката.
Дозволете, вели Џафери, да го искористам празникот како повод и да искажам почит за нашите здравствени работници кои ја одбележаа оваа 2020 година и за нивното вложување во личното образование кое ја достигна најблагородната цел – несебично спасување на човечки животи ризикувајќи го при тоа и сопственото здравје.