Тетовци со часови останаа без струја, откажале 15 трафостаници

Од:

Жителите на централното градско подрачје во Тетово вчера од 20 до 22 часот се соочија со повеќебројни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите на дистрибутивната компанија, ЕВН Македонија, дефект на 20 киловолтен кабел било причината 15 трафостаници да останат без струја.

-Вчерашните прекини на електрична енергија во Тетово во периодот од 20-22 часот се надминати по брзата интервенција на екипите на Електродистрибуција. Екипите на терен констатираа дека се случил дефект на 20кВ кабел, со што околу 15 трафостаници останаа без напојување. Најголемиот дел од дефектот е саниран уште вчера и овој дел од корисниците има стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија. Екипите се се уште на терен и интензивно работат на санација на преостанатиот дел од дефектот, со цел пуштање под напон на единствената трафостаница која остана неприклучена. Се очекува истата да се приклучи за краток период, информираа од одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

Од компанијата посочуваат дека дефектите кои се случуваат во дистрибутивната мрежа не може да се предвидат.

-Затоа Електродистрибуција располага со теренски екипи 24/7 со цел најбрзо можно надминување на вакви несакани ситуации низ целата земја, информираат од ЕВН Македонија.

Во август во Тетово повеќе од 8 часа имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населби поради дефект предизвикан од трето лице кое направило див ископ и така ја оштетило мрежата.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство