Остануваат заложбите за неработна недела, дебати ќе има за се вклучат сите засегнати страни, вели Шахпаска

Од:

Процесот за недела неработен ден продолжува со уште дебати, се во насока на донесување на таков закон, а дискусиите се водат со сите засегнати страни со цел што подобро решение. Ова го истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во тетовска Брвеница на отворање на тамошната нова градинка.

-Дебата за недела неработен ден и легитимна, отворена и продолжува Министерството труд социјална политика да го води процесот. Сакаме да го слушнеме гласот на сите во државата за кои се однесува оваа предлог законско-решение. Нашата замисла и согласно ветувањето што е вградено како владина програма дека недела треба да биде неработен ден. Освен во дејносите кои што се витално важни за неопходно функционирање на општеството, истакна министерката Јагода Шахпаска.

Таа информираше дека мината недела се одржла онлајн состанок заедно со синдикатите, претставници на работодавачи и коморите. За во петок е закажана седница на економско-социјалниот совет.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал