Изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музејот на Град Скопје

Од:

Во Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на град Скопје в среда ќе биде отворена годишната изложба на делата на Анастасов.

– Станува збор за презентација на 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1957 до 2010) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност, се вели во соопштението на Музејот на Град Скопје.

Од Музејот потенцираат дека на изложбата ќе бидат претставени импресивните портрети и автопортрети од циклусот „Голооточки портрети”, создадени во текот на 1964-1965 година, потоа апстрактните „пејзажи” кои го следат енформелскиот израз – „Голооточки предели” и „Голооточки варијации” од истиот период 1964-1965 година, „Нежните води од исток” од 1967 година, „Живот на подводниот свет” од 1962 година.

– Изложбата ќе биде поставена до декември 2021 година и ќе се одржи согласно сите правила и протоколи за заштита од Ковид-19, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска