Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје, известуваат од Град Скопје.
Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично. Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.
На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.