Владата онлајн ќе ја одржи 26. седница

Од:

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 26-та седница со повеќе точки на дневен ред од интерес на граѓаните и од својата програма за работа.

На денешната седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање се неколку измени на закони меѓу кои и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина.

На седницата, меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал, поднесени од Министерството за здравство.

За заклучоците и одлуките од седницата, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски