Рекордна посетеност на изложбата „Хенри Мур графичарот“

Од:

Изложбата „Хенри Мур графичарот“ која од 18 април е поставена во Музејот на современата уметност до денеска ја виделе 11.250  посетители.

Во текот на изложбата, како што соопштија денеска од Музејот на современа уметнос, биле организирани бројни работилници со деца и млади, а била организирана изложба со наслов ХЕНРИ МУР – ИНСПИРАЦИЈА.

Било одржано предавање „Работејќи со Хенри Мур“, од страна на Дејвид Мичинсон, поранешен раководител на збирките и изложбите на Фондацијата „Хенри Мур“ и личен пријател на авторот.

– Секојдневно можеа да се погледнат  кратки документарни филмови за Хенри Мур од збирката на Би-би-си, а секоја среда имаше филмска проекција „Уметноста за Хенри Мур“ во времетраење од 60 минути, се вели во соопштението.

Изложбата ќе биде отворена до 31 мај.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска