Во Полициската станица во Тетово денеска околу 12 часот и 20 минути е пријавено самоубиство со бесење кое било извршено во подпокривот од куќа на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– Се самоубил 37-годишниот Ивица М. Неговото безживотно тело го пронашле најблиските и веднаш пријавиле во полиција. Според првичните информации тој се поткачил на столче и си го одзел животот, а оставил и проштално писмо, појасни Јосифовски.
Извршен е увид со учество на екипа од СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител и се расчистуваат мотивите и се друго околу овој случај.
Врз телото на И.М не се констатирани други траги на насилство.
Според податоците на Јосифовски ова е 11. самоубиство за првите пет месеци од 2013 година на подрачјето што го покрива СВР Тетово додека во текот на целата 2012 година биле забележани вкупно 9 самоубиства.