Обожавателите на Џеј Рамадановски во 20 часот излегоа на своите тераси во Белград и му оддадоа почит на починатиот пејач држејќи запалени свеќи и слушајќи ги неговите најголеми хитови.
Белград се збогуваше со еден од најголемите боеми на народната музика со неговите најубави балади.
Studentski park . Muzika , pustaju mladi . Dzej .
Kuma poslala . pic.twitter.com/xMZB15Cqc7— Nena previse je (@schknedla) December 6, 2020
Во Нов Белград се слушаше неговиот хит „Запалете свеќа за мене“, а исто беше и во Земун.
Тој во 56-та година од животот денеска почина поради проблеми со срцето. Во неодамнешно интервју тој изјави дека е во строг карантин затоа што поради здравствените проблеми, коронавирусот би бил погоубен за него.
„Не смеам да излегувам за да не се изложувам на ризикот да се разболам. Веќе имав здравствени проблеми со срцето и вирусот за мене би можел да биде кобен. Не се гледам ниту со најдобрите пријатели“ – рече тогаш Рамадановски.
Роден е во големо чевларско семејство на Мазлам и Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од Ресен во Македонија.