На Јадранското море му се доближува големо невреме, прогласен е црвен аларм, што е предупредување од највисок степен.
Поради силниот ветар кои достигнува брзина и 130 километри на час, на отворено море се очекуваат бранови од четири до шест метри.
На брегот се очекуваат бранови и до пет метри, а најавен е и силен дожд.
Утрово дел од градот Омиш се најде под море, откако нискиот притисок, месечевата плима и орканскиот југозападен ветар доведоа до пораст на нивото на морето.