„Синдром Хавана“ – САД првпат ја објаснија мистериозната болест и ја обвинија Куба

Од:

Американската Влада денеска ја обвини Куба дека предизвикала мистериозни симптоми кај американски дипломати во Амбасадата во Хавана и на некои други места со насочени радиофреквенции.

Во соопштението на Националната академија на науките се наведува дека симптомите можат да бидат поврзани со насочените, пулсирачки радиофреквенции на кои се изложени американските дипломати.

Одреден број американски дипломати имале симптоми како што се главоболка, гадење, вртоглавица и други необјаснети симптоми, наречен „Синдром Хавана“, за кој се шпекулира подолго време.

Денешниот извештај го означува првото официјално објаснување на Вашингтон за оваа појава, иако е неубедливо.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео во октомври изјави дека владата „користела значителни ресурси“ во обид да ја реши оваа мистерија за непознати симптоми што ја имале повеќе од 40 американски дипломати во периодот од 2016 до 2018 година.

Во јуни 2018 година, Стејт департментот соопшти дека наредил враќање од должност на неколку дипломати од Кина, поради страв дека имаат слични, мистериозни симптоми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски