Лицата со висока концетрација на кадмиум од тутунскиот чад имаат поголем ризик за смрт од болести на црниот дроб.
Американски научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ концентрацијата на кадмиум во урината ја мереле кај 12.700 испитаници.
Во просек учесниците во истражувањето со највисока концентрација на кадмиум имале 3,5 пати поголем ризик за смрт од болести на црниот дроб во однос на испитаниците со најниска концентрација на кадмиум.
Воочената врска на кадмиумот и болестите на црниот дроб е позначително изразена кај мажите, пишува „Journal of Gastrointestinal Surgery“.
Научниците тоа го објаснуваат со последици во хормоналните разлики меѓу половите. Освен тутунскиот чад, останатите извори на кадмиум се загадување настанато од согорување на фосилни горива и отпадот.