А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

САД: Северна Македонија направи доволно реформи за да го оправда одржувањето на Меѓувладината конференција

by А1он04/12/2020 - 21:2504/12/2020 - 21:54555
Share0

Пристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Северна Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција, изјави за Гласот на Америка Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој се надева дека ќе се постигне договор првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време германското претседателство. Палмер го повтори официјалниот став на Вашингтон дека билатералниот спор со Бугарија треба да се решава со одвоени разговори, надвор од пристапниот процес.

-Северна Македонија има направено доволно за да се квалификува за Меѓувладината конференција, и мислам дека мнозинството членки на ЕУ се јасни во тоа. Ќе продолжиме да работиме со нашите европски партнери да се исполни тоа. Ќе направиме се`што можеме да го подготвиме теренот, и ќе продолжиме јавно да ја демонстрираме нашата силна поддршка за придвижување на Северна Македонија кон членството во ЕУ, рече Палмер.

На прашањето дали барањата на Бугарија ги одразуваат европските вредности, како и дали САД го осудуваат таквото однесување, Палмер рече:

Следете a1on на Youtube YouTube

-Разбираме дека има одредени важни прашања кои се однесуваат на историјата, идентитетот и јазикот, кои треба да бидат решени меѓу Бугарија и Северна Македонија како соседи, сојузници и партнери. Во однос на процесот за пристапување во ЕУ, сакаме да видиме тој да продолжи напред, без да ги вклучува билатералните прашања. Би сакале да видиме билатералните прашања да се решаваат преку билатерални канали, изјави тој.

Цената за влез во ЕУ, како што вели, е јасна и образложена на околу 80 илјади страници со правила и регулативи. -Тоа е процес базиран на стандарди. Сакаме да видиме Северна Македонија да продолжи со реформите кои отворија врата кон Европа. Како што реков, има билатерални проблеми, кои можат и треба да се решат преку билатерален пат. Пристапниот процес кон ЕУ треба да зависи од адресирање на неопходните реформи, кои ќе осигураат Северна Македонија да биде членка на ЕУ, вели Палмер запрашан дали цената за влез во ЕУ треба да биде бришење на историјата.

Според него, за да може да се одржи европската кредибилност во државата, ЕУ треба да покаже оти прогресот во реформите ќе се отслика со отворање на пристапниот процес.

-Во овој момент, следен чекор за Северна Македонија е одржување на Меѓувладината конференција, и тоа е нешто што Северна Македонија јасно го заслужила преку реформи, вели Палмер.

Не сака да прогнозира каков ќе биде резултатот од состанокот следната недела, но, нагласи дека САД ќе останат партнери низ целиот тој процес со Северна Македонија и Албанија.

-Останете посветени на реформите, демонстрирајте сериозност и цел, и продолжете да се движите напред, порача Палмер.

bugarija dogovorsad

Би можело да ве интересира

Иранскиот остров Кешм за САД е „нервниот“ центар во тековната енергетска војна

Горан Наумовски03/06/2026 - 14:27

За прв пат во историјата – исти американски пилот е соборен двапати за време на војната со Иран

Горан Наумовски03/06/2026 - 14:27

Одмазда на Техеран: ИРГК нападна американската база, но и бродот „Панаја“

Горан Наумовски03/06/2026 - 14:27

Иран: „Кувајт и Бахреин сносат директна и јасна одговорност за нападите на САД“

Горан Наумовски03/06/2026 - 10:5103/06/2026 - 11:42

Иран: Ова е само почеток

Горан Наумовски03/06/2026 - 06:5103/06/2026 - 06:57

САД извршија воздушни напади врз иранскиот остров Кешм

Горан Наумовски03/06/2026 - 06:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто