Тешка сообраќајка во близина на Струмица, двајца повредени итно пренесени во Клиничкиот центар во Скопје

Од:

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска во 14 часот на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево кај Струмица. Двајца од нив со потешки повреди се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите двајца, од кои еден е со потешки, а другиот со телесни повреди, се на лекување во струмичката болница.

Ова го соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили марка „опел астра“, управувано од К.М (73) од Струмица и „пежо“, во кое се превезувало три члена на семејство од селото Сушица. Патниците од „пежото“ се потешко повредени и двајца од нив се пренесени на лекување во Скопје, додека возачот на „опел астра“ е повреден и е задржан на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредените од автомобилите учествуваа и шест пожарникари на ТППЕ Струмица.

На местото на несреќата увид извршија полицијата и обвинител од Јавното обвинителство во Струмица.

Заради сообраќајката патот неколку часови беше затворен за сообраќај, а полицијата го насочуваше преку заобиколни патишта. По извршениот увид сообраќајот на патниот правец Струмица-Ново Село е нормализиран.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он