Писма со закани до експертите за Ковид-19 во Холандија

Од:

Неколку членови на група научници кои ја советуваат холандската Влада да управува со пандемијата на Ковид-19 добиле заканувачки писма, објавија локалните медиуми.

Бројни експерти од научниот комитет ОМТ откриле дека заканувачките писма биле ставени во поштенските сандачиња во нивните домови.

Членот на комисијата Андреас Фос изјави дека во пораката е наречен „страшен мајмун“ и дека го повикуваат да се врати во Германија.

Друг експерт на ОМТ, Дидерик Гомерс рече дека еден од неговите колеги бил под полициска заштита по „сериозни закани“.

Некои членови на комитетот велат дека се толку загрижени за заканите што сега не сакаат да зборуваат пред медиумите за Ковид-19.

Групите кои се спротивставуваат на ограничувањата за контрола на заразата протестираат во Холандија од избувнувањето на коронавирусот. Сепак, досега не е докажана врска меѓу демонстрантите и заканите кон стручната комисија, а никој од членовите не зборуваше за можниот извор на заканите.

Во октомври, холандскиот шеф за борба против тероризам издаде документ со предупредување за потенцијално насилство како резултат на „комбинација на екстремистичка идеологија, можни психосоцијални и психолошки проблеми и мерки поврзани со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски