Министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабијус апелираше до африканските држави да преземат мерки поради се поголемите закани од исламистите во пустините на јужна Либија.
Фабијус вчера во Нигерија, каде што бомбаши самоубијци минатата недела извршија напад на рудник на уран со кој управуваат Французи, изјави дека постојат знаци југот на Либија каде што владее беззаконието да прерасне во безбеден рај за исламистичките групи во Сахара.
-Изгледа дека мора да вложиме голем напор во јужна Либија, а тоа го сака и таа, изјави Фабијус и додаде дека за решавање на проблемот ќе им биде потребна помош од Тунис, Алжир, Чад, Мали и Египет.
Парламентот во декември југот на Либија го прогласи за воена зона, но чувањето на границите се уште е тешка задача за слабите владини сили.
Одговорност за минатонеделните напади во Нигерија ги презедоа командантот- ветеран на Ал Каеда, Моктар Белмоктар и екстремистичката група MUJWA од исламистичката коалиција која минатата година го зазеде северен Мали.
Елена Георгиевска