Кавадарчанец се обидел да ја убие сопругата, па се фрлил во Црна Река

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа во село Шивец каде била пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди, соопшти ЈО на РСМ.

Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73-годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По извршеното дело, тој заминал од куќата и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одземал животот. Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот.

Оштетената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место, папиларни линии и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него