СДСМ: Срамно, ДПМНЕ, среде пандемија со 500 неразумни амандмани го кочи Законот за здравствена заштита

Од:

„Срамно е што среде пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со 500 амандмани се обидува да го блокира усвојувањето на измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.

Ова е вистинското нехумано лице на ВМРО-ДПМНЕ, нивната лажна загриженост за здравјето на граѓаните и продолжение на опструкциите што од почетокот на пандемијата ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот“, велат СДСМ.

„Во многу сериозен период од пандемијата со коронавирусот додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, неодговорната опозиција работи на штета на граѓаните.

Сега со поднесување на илјадници апсурдни и бизарни амандмани на предложените измени на собранискиот Деловник, со кои би се овозможила работа на далечина на пратеници што се во изолација, како и со кочење на Законот за здравствена заштита, опозцијата се обидува да го направи парламентот нефункционален кога треба да се носи Буџетот за 2021 година, кога 300.000 граѓани чекаат платежни картички, а компаниите финансиска поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и надвор од него прави блокади и деструкции, кои се опасни и штетни за државните и национални интереси, спротивни на интересите на граѓаните.

Собранието е тука да им служи на граѓаните, а не на политикантството на ВМРО-ДПМНЕ, кое поради лицемерно и неодговорно однесување е во опозиција и уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук