Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на министрите да не даваат изјави за Сирија и за евентуалните руски оружени испораки за таа држава, јави Израелското радио.
Таа наредба е дадена откако министерот за одбрана Моше Ајалон даде изјава која се смета за закана кон Русија.
– Израел ќе знае што да направи ако Русија испорача С-300 на Сирија, предупреди тој. Според израелски медиуми, Ајалон зазел став за нови израелски воздушни удари врз Сирија.
Москва вчера објави за испорака на ракетните системи С-300 за Дамаск.
– Тие системи може да урнат авиони во време на лет или ракети со далечинско управување.
Тие системи имаат дострел до 300 километри и може да погодат и цивилни авиони над израелскиот аеродром Бен Гурион, тврди израелскиот министер за стратешки прашања Јувал Шајниц.