УЕФА ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир на второто издание на Лигата на нации, кој идниот октомври ќе се одржи во Италија.
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат домаќинот Италија и Шпанија, додека вечерашната жрепка во Нион одлучи во второто полуфинале да се сретнат Белгија и Франција.
Италија ќе ја пречека Шпанија на стадионот „Сан Сиро“ во Милано на 6 октомври 2021 година, додека ден подоцна Белгија и Франција ќе играат за влез во финалето на стадионот на Јувентус во Торино.
Финалето ќе се игра на 10 октомври на „Сан Сиро“.