Почина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски-Баге

Од:

На 67-годишна возраст денеска почина Благојa Стефановски – Баге, поранешниот министер за култура, пратеник од Битола во Собранието на Македонија, директор на битолскиот театар и актер во пензија, претседател на ракометниот клуб Пелистер, претседател на фестивалот, „Браќа Манаки“, основач на малиот театар во Битола.

Стефановски, дипломиран актер, роден во Битола на 7 март 1953 година, од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар, бил претседател и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.

Еден мандат од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 министер за култура.

Љубителите на ракометот во Битола ќе го паметат покрај театарот и како претседател на ракометниот клуб Пелистер, во чиј мандат Пелистер забележува големи успеси на меѓународна сцена.

Стефановски е добитник на голем број на театарски награди, општествени и спортски признанија, а во 2019 година ја доби наградата „4 Ноември” за животно дело.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски