Кипарската православна Црква постигна договор со руски инвеститори за изградба на голем хотел на црковен имот на брегот на Пафос во јужниот дел на островот, чија цена изнесува 70 милиони евра, објавија кипарските весници.
Веста за договорот ја соопштил самиот кипарски архиепископ Хризостом. Цркавата обезбедниот имот го дава под закуп, за што годишно ќе добива по 1,5 милиони евра.
Кипарската Црква, исто така, ќе обезбеди и земјиште за изградба Англиско училиште, за што годишно ќе добива закуп од 300 илјади евра.
Архиепископот повика кипарските банки да бидат ослободени од наметнатите ограничувања поради кризата. Тој предупреди дека ако ваквата ситуација со банките на островот продолжи подолго време, дека тие ќе пропаднат.