Истражна постапка и притвор за гостиварец за разбојничка кражба

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 48–годишен гостиварец поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „разбојничка кражба“, а Основниот суд Гостивар му изрече притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ОЈО, осомничениот делото го сторил на 30.11.2020 година, околу 13:30 часот во село Речане, кога бил затечен во кражба и со употреба на опасно оружје – нож, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно лице.

-Тој ја прескокнал оградата и ја обил влезната врата на куќата на оштетениот. Започнал да претура по предметите, по што одзел една моторна пила и тргнал да ја напушти куќата. Кај влезната врата бил спречен од страна на оштетениот кој за таа намена поставил пластична столица на влезот. Откако осомничениот увидел дека не може да излезе, извадил нож со дрвена рачка и должина на сечилото од 30 сантиметри и почнал да се заканува на оштетениот, по што со едната рака го турнал оштетениот и побегнал, информира ОЈО.

Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд доставил предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Основниот суд Гостивар го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница